Home » Тупанчески: Со новиот Кривичен законик во целост ќе се ревидира казнената политика

Тупанчески: Со новиот Кривичен законик во целост ќе се ревидира казнената политика

by Журнал.мк

Најдоцна до утре на ЕНЕР ќе биде ставена драфт верзијата на новиот Кривичен законик со кој во целост се ревидира казнената политика. Во изготвувањето на законскиот текст учествуваа претставници од академската заедница,од судството, јавното обвинителство, Министерството за правда, невладини организации, МВР и други засегнати страни.

Во периодот кој следи, секој ќе има можност да се запознае со законските одредби, ќе се организираат јавни расправи, дебати, по што дел од забелешките ќе бидат инкорпорирани во конечното законско решение.,, Одлучивме, концепциски тоа да биде на линија или согласно стратегијата за реформа на правосудниот сектор, да не се оди сегментарно во измените на Кривичниот законик, туку напротив , да се донесе комплетно ново законско решение кое ќе ги опфати сите сегменти на општественото живеење”,рече на прес конференција министерот за правда Никола Тупанчески.

Со новиот Кривичен законик ќе се остави можност за индивидуализација на казните од областа на залоупотреба на службената положба,особено во делот на јавните набавки, конфискација на имот, еколошкиот криминал и други кривични дела.Во подготовката на Кривичниот законик значаен импакт има и меѓународниот фактор.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More