Home » Тупанчески на средба со директорите на затворите

Тупанчески на средба со директорите на затворите

by Журнал.мк

Министерот за правда Никола Тупанчески денеска имаше средба со сите директори на затворите, на која беше констатирано дека најголеми проблеми во затворите се преоптовареност, немање соодветна здравствена заштита за осудените лица, недостаток на соодветен кадар.

Како што соопштија од Министерството за правда, договорено е веднаш да се отпочне со решавање на наталожените проблеми кои со години се провлекуваат.

-Ќе се интервенира и во Законот за извршување на санкции со цел да се подобрат условите на вработените во затворите. Комуникацијата со директорите на затворите ќе се интензивира во насока на создавање подобри услови за осудените лица и спречување на девијантните појави, се наведува во соопштението на Министерството.

Оттаму посочуваат дека во наредниот период министерот Тупанчески ќе ги посети затворите со цел лично да се запознае со состојбите.

На средбата присуствуваше и директорот на Управата за извршување на санкции Марјан Спасовски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More