Home » Тупанчевски со Поповиќ во Белград за дигитализација на судството

Тупанчевски со Поповиќ во Белград за дигитализација на судството

by Журнал.мк

Тупанчески се сретна со министерката за правда на Србија, Поповиќ во Белград
Скопје, 2 септември 2022 (МИА) – Одржување заедничка конференција на која ќе се разменат искуства и решенија од Северна Македонија и Србија во врска со правосудниот систем, договориле министерот за правда Никола Тупанчески и неговата српска колешка Маја Поповиќ на денешната средба на маргините на самитот „Отворен Балкан” кој се одржа во Белград.

-Посебен акцент ќе се стави на дигитализација во судството, начинот на избор на судии и јавни обвинители, изнаоѓање на решенија за подобрување на условите во казнено поправните установи како и извршување на алтернативни мерки, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Тупанчески и Поповиќ договориле во наредниот период да се интензивираат консултациите и размената на искуства, со цел да се забрзаат реформите во евроинтегративните процеси.

Двајцата министри потенцирале дека добрососедските односи треба да продолжат да се развиваат и во иднина.

На средбата присуствувале и државниот секретар во Министерство за правда Ливија Павичевиќ и Дејан Царовиќ од Управа за извршување на кривични санкции на Србија.

Иницијативата за Отворен Балкан на Република Северна Македонија, Албанија и Србија се покажа дека е функционална и европска, а целта е политиката да се развива низ отворени врати со единствен пазар, без граници и интеграција во ЕУ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk