Тунелот бил изграден од група луѓе кои побегнале во западен Берлин. Тунелот под Берлинскиот ѕид кој служел за бегство во Западна Германија вчера првпат е отворен за јавноста.

Тунелот под Бернауер улицата го отворил градоначалникот на Берлин, Михаел Милер за време на одбележувањето на 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид.
Тој им се заблагодарил на оние кои копале 100 метри долг тунел во 1970-та година откако источна Германија ја затвори својата граница.

„Битката а слобода се одвивала под земја“ – изјавил градоначалникот.
Тунелот го изградил група луѓе кои побегнале во западен Берлин.

Тие сакале да им помогнат на пријателите и семејствата да го направат истото – да побегнат, но неколку денови откако тунелот бил направен властите на источна Германија го откриле и делумно го уништиле.