11.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Трудо: Путин е одговорен за воени злосторства

Најчитани вести

Рускиот претседател „Владимир Путин е одговорен за овие грозоморни воени злосторства“, рече канадскиот премиер Џастин Трудо во неделата во Киев по посетата на блискиот Ирпин, каде што Русија тврди дека Украина масакрирала цивили.

– Јасно е дека Владимир Путин е одговорен за овие грозоморни воени злосторства – рече Трудо на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Ќе треба да ја плати сметката – додаде тој, откако го следеше состанокот на Г7 во друштво на неговиот украински колега.

Претходно попладнето Џастин Трудо го посети Ирпин, предградие на Киев, уништено од жестоките борби меѓу украинската и руската армија, кои успеаја да го освојат во март.

„Бев сведок на суровоста на илегалната војна што ја водеа Русите“, изјави Трудо за новинарите, пренесе Дневен аваз.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com