14.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Тројца тренери и рекоа „ДА“ на Барселона

Најчитани вести

Роналд Куман наскоро ќе добие отказ од клупата на Барселона.

Раководството на каталонскиот тим ќе му го врачи отказот на холандскиот стручњак, најверојатно веќе во текот на викендот, па на големо се бара негова замена.

Бројни тренери се поврзаа со клупата на каталонскиот великан. Аргентинецот Марчело Галардо ја одби поканата, а новинарот на весникот Спорт, Тони Хуанмарти тврди дека тројцата кандидати рекле „да“.

Тоа се легендата на Барселона, Чави Ернандез, актуелниот белгиски селектор Роберто Мартинез и поранешниот тренер на Јувентус, Андреа Пирло.

Веќе се остварени одредени контакти со нив. Сите тие во принцип се согласија и некој од нив би можеле да седне на клупата на Барселона.

Роберто Мартинез е најголем фаворит. Тој е голема желба на Жоан Лапорте, а треба да се напомене дека претседателот на клубот не е особено ентузијастички настроен за идејата на Чави.

Лапорта смета дека легендарниот фудбалер е неискусен во водењето на тимот и верува дека Чави треба да стекне искуство на клупата на Б тимот.

Андреа Пирло е единствениот слободен тренер во моментов. Неговиот ангажман би можел најлесно да се заврши, па ќе видиме дали некој од овие тренери ќе го замени Куман на клупата на каталонскиот великан.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com