Скопје, 1 ноември- Тројца работници биле повредени додека работеле на трафостаница во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера во Комплекс клиники „Мајка Тереза’’ биле донесени повредени С.М., А.Ј. и Н.Г.. Тие се здобиле со повреди додека изведувале работни задачи на трафостаница на улица Трета македонска бригада.
Од полицијата информираат дека е извршен увид и се работи на расчистување на случајот.