11.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Тројца пожарникари загинаа во експлозија во Италија

Најчитани вести

Тројца италијански пожарникари загинаа во експлозија што одекна во зграда во регионот Пиемонт во северозападна Италија.

Пожарникарите излегле на терен откако биле известени за експлозија во објект на фарма во провинцијата Алесандрија, но потоа се случила втора, посилна експлозија, јави „Скај ТГ24“.

Италијанската агенција АНСА објави дека властите испитуваат дали експлозијата била намерно предизвикана.

Телото на еден од пожарникарите било затрупано под урнатините и е извлечено по неколку часови, пренесува АП.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com