8.8 C
Skopje
Sunday, October 17, 2021

Тројца нови кошаркари во Академија ФМП

Најчитани вести

Нови имиња во македонскиот кошаркарски прволигаш, Навико Академија ФМП за претстојната сезона ќе бидат Филип Бакоч, Недељко Кошанин и Дамјан Миса.

Повремениот македонски репрезентативец Бакоч во својата кариера настапуваше и за екипите на Карпош Соколи, Охрид, Еуро Никел, а во Академија ФМП доаѓа од МЗТ Скопје Аеродром со кого минатата сезона ја освои шампионската титула.

Српскиот плејмејкер Кошанин во екипата на КК Навико Академија ФМП доаѓа од екипата на Беовук каде во просек постигнуваше 16.5 поени, 5.6 асистенции и 5 скокови по натпревар.

Миса кој доаѓа од редовите на КК Црн Дрим Грин Мобиле каде што во просек постигнуваше по 4 поени, 1.6 асистенции и 1.6 скокови во натпревар во својата кариера настапуваше и за екипите на КК МЗТ Скопје Аеродром и КК Куманово.

Претхпдно тренерот Александар Петровиќ го продолжи својот договор со екипата, исто како и најдобриот стрелец во лигата Стефан Крстајиќ, Лука Стојановски, Славчо Темелковски, Оливер Двојаковски, Никола Анастасовски, Никола Груевски, Филип Ѓоргиев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com