Home » Тројца мажи осудени за планирање киднапирање на гувернерката на Мичиген

Тројца мажи осудени за планирање киднапирање на гувернерката на Мичиген

by Журнал.мк

Тројца мажи, обвинети за тероризам затоа што планирале да ја киднапираат гувернерката на американската држава Мичиген, се осудени по сите точки од обвинението.
Џо Морисон, Пит Мусико и Пол Белар се прогласени за виновни за давање материјална поддршка за терористички чин како членови на групата позната како „Вулверин вочмен“.
Тие имале вежба за пукање во округот Џексон со идејниот творец на киднапирањето Адам Фокс, кој бил „згрозен“ од демократската гувернерка Гречен Витмер и други официјални лица и зборувал дека сака да дојде до неа.

Судењето пред државниот суд беше само дел од главниот случај што се води пред федералниот суд.

Фокс и неговиот соучесник се осудени за заговор, двајца се изјаснија за виновни, а двајца беа ослободени.

За недозволено поседување оружје и членство во банда се осудени и Морисон (28), Мусико (44) и Белар (24), а обвинителството наведе дека „Вулверин вочмен“ е криминална организација.

Судијата нареди сите тројца да бидат задржани во затвор во очекување на нивната конечна казна, која ќе биде објавена на 15 декември.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More