Спасувачките тимови се во потрага по повеќе од 10 лица кои исчезнаа во рушевините предизвикани од големото земјино лизгање, во Атама, Јапонија. Како што пренесува јапонскиот НХК, има најмалку три жртви.
Во прв момент не се знаело што се случило со 147 лица, но подоцна тие бројки се намалиле, пренесува Ројтерс.
Градот Атама е туристичко место, каде во главно се наоѓаат куќи за одмор. Тие куќи се сериозно оштетени, а властите се надеваат дека нивните сопственици не биле во градот за време на лизгањето.
Оваа несреќа додатно ги оптоварија властите на Јапонија, кои се спремаат за престојните Олимписки игри во Токио, кои би требало да започнат за три недели.