4.8 C
Skopje
Sunday, April 2, 2023

Тројца бугарски државјани приведени на Деве Баир за напад врз македонски полицајци

Најчитани вести

Околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г.З  на 35, А.Х. на 50 и Р.Х. на 54 години, бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства,при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот.

Денеска над 100 автомобили и десетици тешки товарни возила се блокирани на границата меѓу Бугарија и Република Северна Македонија помеѓу граничните премини „Ѓуешево“ и „Деве Баир“.

Во автомобилите запрени на граница се и патници за прославата на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, јавија бугарските медиуми.

Сообраќајот беше во прекин околу 9 часот утринава поради неисправност на системот за контрола на патници и возила, кој беше обновен по 12:30 часот и сообраќајот продолжи да се одвива нормално.

Најнови вести