1 C
Skopje
Saturday, January 16, 2021

Тројца американски војници загинаа при обука во Џорџија

Најчитани вести

Тројца војници загинаа, а тројца се повредени во несреќа за време на обука во воена база во американската сојузна држава Џорџија.

Американската војска соопшти дека војниците биле во оклопно возило кога се случила несреќата во неделата наутро, објави „Глас на Америка“.

„Многу сме тажни поради загубата на тројца војници и ранувањето на тројца други. Се молиме за семејствата погодени од оваа трагедија“, се вели во соопштението на генерал мајорот Тони Агуто, командант на Третата пешадиска дивизија, чии челнови биле загинатите војници.

Војската во соопштение инцидентот го нарече несреќа, но не дава повеќе детали, додека официјалните претставници на базата Форт Стјуарт не ја коментираа ситуацијата.

Базата Форт Стујарт, основана во 1940 година, е најголемата воена инсталација источно од реката Мисисипи.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести