30.8 C
Skopje
Friday, July 23, 2021

Тројно зголемен бројот на илегални обиди за влез во Хрватска

Најчитани вести

Во текот на првите осум месеци од оваа година, припадниците на хрватската гранична полиција привеле 11.813 лица кои нелегално се обиделе да ја преминат границата и да влезат во Хрватска, што е за 3609 повеќе отколку во цела 2018 година и 8019 повеќе отколку во истиот период лани.

Тоа се официјални податоци од Министерството за внатрешни работи дадени за Јутарњи лист. Ова значи дека, во просек, 49 мигранти дневно биле запрени од полицијата во обид да ја преминат границата нелегално, пренесува весникот.

Но, вкупниот број на илегални мигранти процесуирани од хрватската полиција во првите осум месеци е далеку поголем. Имено, во тој период словенечката полиција вратила 6447 нелегални мигранти во Хрватска. Тоа се мигранти кои успеале да поминат низ Хрватска и да влезат во Словенија, каде биле приведени од словенечката полиција и потоа се вратиле во Хрватска во согласност со меѓународните регулативи. Така, може да се каже дека помеѓу 1 јануари и 31 август годинава влегле 18.260 нелегални мигранти.

Доколку приливот на мигранти продолжи со тоа темпо, може да се очекува дека до крајот на годината, хрватската полиција да приведе повеќе од 15.000 мигранти кои сакаат илегално да влезат во Хрватска. Тоа би било далеку највисоко ниво од март 2016 година, кога беше запрен голе

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести