7.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

„Трка“ за Дебар, кандидатите ветуваат вода за пиење дека ќе има 24 часа

Најчитани вести

Темата за вода за пиење беше во фокусот на дебатата меѓу кандидатите за градоначалник на Дебар. Кандидатот на ДУИ истовремено и актуелен градоначалник рече дека доколку добие уште еден мандат вети дека во 2023, Дебар нема да има проблем со водата за пиење.

„Во следниот мандат ќе има уште две други фази до крајот на втората година од мандатот.“

Во 2023, доколку добиете мандат, велите дека ќе има 24 часа вода за пиење во Дебар?

„Да.“

Дневно, не неделно? Бидејќи потоа ќе речете, реков неделно а не дневно.
24 часа и мерките кои, ме чувте кои мерки ќе се преземат за злоупотреба на водата.

Противкандидатот од АА, Беким Поцеста ги кажа проектите кои се приоритет за реализација доколку добие мандат за градоначалник на Дебар.

„Што се однесува до конкретни проекти,јас ги спомнав главните проблеми. Ние ќе се соочиме, реков, прашањето со водата, депонијата, за кои можеме да ветиме дека ќе ги реализираме во првиот мандат, реконструкција на плоштадот Скендербег. Овие се тие што ги спомнав и што се реални. Ние ќе ги реализираме во првиот мандат.“, вели Поцеста.

Во оваа дебата се поставуваа прашања и од штабовите на двете политички партии, како и претставници од младинскиот форум кои беа присутни во студиото заедно со кандидатите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com