12.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Трка за болнички кревет повеќе

Најчитани вести

Македонскиот здравствен систем е под огромен притисок во третиот бран на коронавирусот. Бројот на пациенти во болниците континуирано расте.

Во македонските болници во моментов,според податоците на здравствените власти има огромен наплив на пациенти од Ковид-19. Бројката на хоспитализирани изнесува 1744.

Се интервенира со ангажирање дополнителни одделенија, инсталирање кислород, екстра кадар според систем на ротација за да се одржи здравствениот систем и за секој пациент да се обезбеди болнички кревет.

Според македонските здравствени власти оваа недела е критична кога станува збор на натамошното ширење на вирусот во третиот бран, во кој се регистрирани голем број заразени и починати.

Според податоците на Министерството за здравство, бројот на активни случаи во државава достигна 21.265. Само вчера беа пријавени нови 1259 случаи на Ковид-19 од направени 4.555 тестирања. Борбата со болеста ја загубија 45 лица.

Во меѓувреме продолжува масовната вакцинација против Ковид-19 во салата „Борис Трајковски“ и во сите здравствени домови ширум државата а од денеска во сила стапуваат преостанатите рестриктивните мерки во рамките на своевидниот локдаун за заштита од натамошното ширење на вирусот.

Откако вчера беа затворени се фитнес центрите, спортските и салите за вежбање и полицискот час започна два часа порано, односно во 20 часот наместо во 22 часот, од денеска за гости вратите ги затворија и угостителските објекти. Дополнотелителните рестрикции ќе важат до 20 април.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести