-7.2 C
Skopje
Saturday, January 22, 2022

Три растителни намирници богати со омега-3 масни киселини

Најчитани вести

Омега-3 масните киселини се клучни за здравиот организам, еден од најважните бенефити е што го смалува ризикот од срцев удар, ги регулираат триглицеридите, односно маснотиите во крвта и холестеролот. ДХА, еден од трите вида омега-3 масни киселини, е исклучително поволно делува за видот.

Други придобивки се што го намалуваат ризикот од воспалителни процеси во телото, помагаат организмот полесно да се избори со инфекција, позитивно влијаат на квалитетот на косата, кожата и ноктите.

Омега-3 масните киселини се пресудни за оние кои сакаат да го намалат ризикот од појава на брчки и сакаат да ја сочуваат младоликоста.

Најмногу омега-3 масни киселини има во рибата, но и во овие 3 моќни растителни намирници кои секојдневно треба да ги консумирате:1. Ореви

Со консумирање на 30 до 50 г ореви дневно се обезбедува дневно пропишаната доза на омега-3 масни киселини. Користете ги оревите како ужинка и ќе направите нешто многу корисно за вашето здравје.2. Чиа семе

Содржи повеќе омега-3 од лосос, но во него киселините се од типот АЛА (алфа-линоленска киселина), а нашето тело побавно и помалку ги апсорбира од омега-3 кои се од намирници со животинско потекло. Секако е добро да користите чиа семе во смути, салата и овесни каши.3. Ленено семе

Голем извор на омега-3, омега-6 и омега-9 масни киселини е лененото семе. Важно е да го консумирате мелено или да ги оставите семињата преку ноќ да отстојат во вода, за да пуштат лековита слуз, а потоа течноста да ја испиете.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com