3.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Три ракети истрелани кон Амбасадата на САД во Багдад

Најчитани вести

Три ракети утрово беа истрелани кон Амбасадата на САД во главниот град на Ирак, Багдад.

Ракетите не ја погодија Амбасадата на САД, туку паднаа во нејзина близина на Зеленате зона во Багдад.

Нападот уследи откако вчера беше спроведена една од најголемите операции против американските интереси во Ирак, а бил спречен и напад со беспилотно летало во соседна Сирија.

Нападите вчера и денеска најверојатно се координирани. Тие беа извршени по повеќе од една недела откако десетина борци беа убиени во воздушните напади на САД врз проиранските милиции во Сирија и во Ирак.

Две лица полесно се повредени во вчерашното гранатирање на воздушната база Аин ал-Асад во западен Ирак, каде се сместени американски трупи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести