15 C
Skopje
Saturday, May 15, 2021

Три промени во телото кои се случуваат кога ќе престанете да јадете бел леб

Најчитани вести

Лебот за многумина е омилена намирница без која не можат да го замислат денот. Но, исто така, оваа бомба на јаглени хидрати доаѓа во многу различни форми од кои некои се штетни за нашето тело и линија, додека други заслужуваат само благодарност.

Еве можност да дознаете што ќе се случи со вашето тело ако од исхраната целосно го елиминирате белиот леб.

1. Ќе изгубите килограми предизвикани од вода

Лебот е полн со јаглени хидрати, а нагло исфрлање на истите од навиката за јадење, на вашето тело ќе се забележи моментално и тоа во форма на губење на килограмите. Сепак, не станува збор за моментално слабеење, туку за губење на водата која се собира во организмот.

Телото ги складира јаглехидратите во форма на гликоген, млечна киселина која собира вода. Секој грам јаглен хидрат кој останува во организмот, задржува и врзува три до четири пати повеќе вода од својата тежина.

2. Веќе нема да бидете гладни цело време

Преработените јаглени хидрати, како што е тостиран бел леб, во вашето тело предизвикуваат брзо да скокне шеќерот во крвта кој потоа многу брзо паѓа. Овие луди промени во мозокот испраќаат нејасни сигнали кои го зголемуваат чувството на глад и желбата за храна поради што се здебелуваме.

Но, тоа не значи дека од вашата исхрана морате во целост да го исфрлите лебот, туку празните калории и белиот леб да ги замените со оние направени од цели зрна кои го регулираат и балансираат шеќерот во крвта.

3. Вашата енергија ќе се зголеми, а варењето ќе се подобри

За разлика од интегралниот или црниот, белиот леб не содржи влакна кои се неопходни за нормално функционирање на цревата и дигестивниот систем.

Откако ќе го исфрлите белиот леб од менито и во секојдневната исхрана ќе вклучите цели зрна, варењето започнува нормално и ја олеснува работата.

Исто така, јаглените хидрати се храна и гориво за мозокот. Ако се со добар квалитет – мозокот работи нормално, без нарушување, но ако храната за мозокот не е здрава, организмот реагира негативно, па се појавува чувство на слабост и замор.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести