Дисциплинската комисија на АБА лигата за инцидентот на дербито против Црвена Звезда на кошаркарот на Партизан, Матијас Лесор му изрече забрана на настап на три натпревари.
Лесор кој по мечот со вечниот ривал физички го нападна противничкиот играч Филип Петрушев ќе мора да плати и парична казна од 10.000 евра.
Французинот ја доби најмалата казна, а во образложението на одлуката се потенцира дека според досегашното однесување на терените утврдено е дека Лесор не може да го повтори прекршокот и се смета дека оваа казна е доволна за санкционирање на неговото однесување.
Лесор нема да биде во составот на “црно-белите” на мечевите против Цедевита, ФМП и Игокеа.