33.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Три намирници кои го забавуваат стареењето

Најчитани вести

Освен што се многу здрави, овие намирници можат да ви помогнат да го одржите младешкиот изглед

Доколку сакате да го зачувате вашиот младешки изглед и доброто здравје што е можно подолго, збогатете го менито со овошје и зеленчук во неограничени количини, и заменете го црвеното месо со специјалитети од риба.

Доматот е богат со антиоксиданти и ликопен, кои многу успешно ги уништуваат слободните радикали и на тој начин го штитат организмот од канцерогени заболувања. Се верува дека сосот од домати има најдобра заштитна моќ, поради присуството на масло, што го подобрува неговото антиканцерогено дејство. Пожелно е доматот да биде застапенен во дневното мени што е можно почесто, или свеж или зготвен.

Скушата е исто така на списокот на пожелни јадења бидејќи маснотиите на оваа морска риба имаат многу лековито дејство. Го штити срцето, бидејќи го регулира неговиот ритам и ги чисти артериите. Тоа е одлична заштита и за мозокот и за целиот нервен систем. Богато е со масни киселини, има витално значење за клетките на нервниот систем, витамин А, најефективниот антиоксиданс, како и витамини Б2, Б3, Б5, Б6 и Б12. Скуша треба да се јаде два пати неделно. Оваа вкусна риба не ги губи своите лековити својства дури и кога е конзервирана.

Брокулата е одличен извор на витамини Ц и Е, кои ја штитат и стимулираат природната одбрана на организмот и го забавуваат стареењето на клетките. Покрај тоа, тие се богати со индоли, супстанции кои го чистат телото од канцерогени елементи. Експертите препорачуваат јадење 200 до 300 гр брокула неделно.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести