Метаболизмот е процес со кој телото ја разградува храната и хранливите состојки за добивање енергија и за одржување на различни функции. Она што го јадете, вклучувајќи ги и витамините и минералите, влијае на вашиот метаболизам. Кои минерали се клучни за брз метаболизам?
Метаболизмот природно се успорува со стареење, а некои минерали може да помогнат да го забрзате метаболизмот. Најдобриот начин да го направите тоа е преку исхраната.
За кои минерали станува збор?
Калциум
Калциумот е клучен за здрав метаболизам и контрола на шеќерот во крвта, како и за здрави коски. Некои истражувања од 2010 година сугерираат на тоа дека зголемениот внес на калциум во комбинација со витамин Д може да помогне во губитокот на килограми.
Намирниците богати со калциум се: млеко, јогурт, житарки, сок од портокал, зелен лиснат зеленчук и бадеми
Железо
На телото му е потребно железо за здрав раст, развој и метаболизам. Железото е важно за правилно функционирање на клетките и создавање на некои хормони.
Железото е клучно за пренос на кислород во црвените крвни клетки.
Најдобар извор на железо се: месо, брокула, грав, ореви, соја, лиснат зеленчук.
Магнезиум
Магнезиумот е неопходен за метаболизмот и за производство на енергија. Треба да јадете ореви, спанаќ, печурки, банана, лосос и морски плодови, компир.