9 C
Skopje
Tuesday, March 2, 2021

Три Македонки настапуваа за други држави на светскиот избор на убавина „Мис глоуб“

Најчитани вести

Македонските модели Ивана Димитрова, Кристина Димитриевска, Симона Тодоровска и Стефанија Тиквешанец се натпреваруваа на годинашниот избор за убавина „Мис глоуб 2019“ што се одржа во Улцињ, Црна Гора. И додека Кристина ја претставуваше Македонија, останатите три девојки се натпреваруваа за други земји. Ивана ја претставуваше Бугарија, Симона – Србија, а Стефанија на изборот беше претставена како Мис на Словенија. 23-годишната Кристина беше единствената Македонка што освои награда. Таа беше избрана за „Мис фотогеничност“.

Инаку, лиценцата за овој светски избор на убавина за Македонија од 1996 година ја има модното студио „Црнокрак“.

За потсетување, на „Мис глоуб 2019“, што се одржа на 21 октомври, победи преставничката на Мексико, Алејанда Диаз Де Леон Солер.

Текстот Три Македонки настапуваа за други држави на светскиот избор на убавина „Мис глоуб“ е превземен од Reporter.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести