Ансу Фати би можел во летниот преоден рок да си замине од Барселона поради статусот на резерва кој го има во каталонскиот клуб, негова следна дестинација може да биде Премиерлигата.
Манчестер јунајтед, Арсенал и Ливерпул се распрашувале за Ансу Фати. Го контактирале агентот на фудбалерот за да соберат повеќе информации при евентуална конкретна понуда по крајот од сезоната.
Лапорта вели дека тие сакаат да го задржат Ансу Фати, но не ја исклучи можноста и за продажба најавувајќи дека ставката за плати за идната сезона дополнително ќе биде намалена, а тоа значи дека дел од фудбалерите ќе бидат продадени.
Фати оваа сезона во Ла Лига настапи на сите 20 натпревари, но само на седум од нив беше стартер, дури 13 почна од клупата за резерви. На последните два меча играше само по десет минути.