-3.2 C
Skopje
Wednesday, January 19, 2022

Три источноевропски земји може да станат нов центар за производство на микрочипови

Најчитани вести

Источна Европа може да стане голем производител на микрочипови, ако се остварат плановите што ги изнесе тајвански официјален претставник.

Тајван планира да ја разгледа можноста за соработка со Словачка, Чешка и Литванија за производство на чипови, изјави неименуван тајвански претставник.

Директорот на тајванскиот Национален совет за развој Кунг Минг-хсин, кој во октомври ги посети Словачка, Чешка и Литванија, а денеска изјави дека трите земји се заинтересирани за соработка со Тајван за производство на чипови.

Тајван е седиште на водечкиот светски производител на чипови TSMC (Taiwan Semiconductor Manufacturinga) веќе гради фабрика за чипови во САД, во вредност од 12 милијарди долари. На почетокот од месецот TSMC најави дека ќе изгради фабрика и во Тајван, не наведувајќи ја вредноста на инвестицијата. Но, компанијата посочи дека во следните три години планира да ги прошири производствените капацитети, на што ќе потроши 100 милијарди долари.

Европска комисија предложи закон за згоолемување на производството на чипови во Европа и се обидува да привлече тајвански инвестиции.

„Европа тешко тоа сама ќе го направи. Затоа се надеваат на соработка со Тајван“, посочи Кунг.

Тајван доби донација вакцини против Ковид-19 од трите источноевропски држави, додека Чешка и Литванија го поддржаа Тајпеј во тензичните односи со Кина.

Европска Унија и земјите-членки немаат формални дипломатски врски со Тајван, а Тајпеј се обидува да ги зајакне односите со ЕУ, нагласувајќи ги заедничките вредности слобода и демократија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com