Старите дрвени амбуланти во Ѓорче Петров, Лисиче и Бутел, кои во рамките на проектот на Министерството за здравство беа заменети со нови и современи на „Брако“.
Челичната конструкција е изработена во „Брако“, ѕидните и кровните панели се набавени од Србија и Грција, а дополнително се внатрешно зајакнати со стаклена волна и огноотпорни гипсани плочи.
Објектите имаат внатрешни хидранти, аларми за пожар со детектори за чад, посебни антипаник кваки на вратите за лесно отворање и хидранти надвор околу објектот.
Ова ќе значи дека вработените и пациентите сега имаат чисти, хигиенски и пристојни услови за здравствени прегледи и лекување.