18.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Тричковски: Македонија се победи себе и отиде во Европа

Најчитани вести

„Решението на Бундестагот и очекуваното позитивно изјаснување на Франција, односно датумот за почеток на преговорите, не е само обична политичка победа. Не е ниту само голема победа. Тоа е епски триумф над злото, над самоуништувачкото зло што машинеријата на вмро-дпмне го беше раширила како општа психоза, претворајќи го народот во хистеризирана маса која го пее химничниот рефрен “Не нѐ бива”. И не работи ништо друго. Таа мантра не беше сосема без врска, затоа што тие што ја мантраа, беа чипирани и во животот да ја докажат тезата од рефренот и преку тој напор, да ја постулираат верноста кон вмро-дпмне и своите надежи во аргентинскиот хаос што ќе го менаџира нивниот партиски фаворит. Што значи дека оваа со евроатлантските интеграции, не беше политички конфликт меѓу еврофилството и еврофобичноста, тој судир дури и номинално не беше така дефиниран, туку тоа беше битка да се биде или не. Не во поетска и метафорична, туку во буквална смисла“, пишува новинарот Бранко Тричковски.

„Решението на Бундестагот значи пораз на силите на Злото во нивната последна, очајничка офанзива во македонските ардени на бесчестието, со кодно име „рекет“. Тоа решение ја вади Северна Македонија од психотичниот обрач на внатрешната деструкција и на тенденцијата кон комплетна политичка, институционална, уставна и морална имплозија. Во таа офанзива тие не го бркаа криминалот и корупцијата како зло, туку ги бркаа како адути за крах на евроинтеграциите, за пад на владата, за хаос и спас на авторите на најголемиот државен криминал во мирновременска Европа. Тие навиваа за криминалот. Се радуваа како деца на секоја негова пројава. Тоа е клучната разлика што не ја разбраа демократските сили и субјекти кои со своите добри намери, објективно му се приклучија на злото“, смета Тричковски.

Целата колумна на следниот линк!

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести