4.8 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Трифонов ја носи Бугарија на трети предвремени избори?

Најчитани вести

Бугарија е во длабока политичка криза од која ќе излезе најверојатно со нови парламентарни избори. Бидејќи во моментов нема мнозинство кое може да формира влада, единствен излез од тој ќор сокак е нови избори, трети по ред од април годинава. За Македонија тоа значи дека шансите да почне прегвори за членство во ЕУ стануваат уште понеизгледни во догледно време.

Бугарија влезе во вакво сценариот откако партијата на шоуменот и тврдокорен националист, Слави Трифонов, „Има таков народ“ не успеа да придобие доволна поддршка за формирање на владина коалиција, наспроти тоа што собра најмногу гласови на 11 јули, пишува „Политико“. Партијата на Трифонов имаше поддршка од 24,1 отсто, пред ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов чиј изборен резултат гласеше 23,5 отсто.

Парламентарното гласање за одобрувањето на новиот бугарски парламент беше очекувано за денес, но политичкиот ќорсокак веројатно ќе продолжи барем до есен, според предвидувањата. Трифонов преку Фејсбук соопшти дека нема да предложи нов владин кабинет, додавајќи оти тоа значи дека Бугарија оди кон нови избори. Борисов, исто така не успеа да стекне доволна поддршка за формирање на нова влада, откако ГЕРБ беше веднаш зад „Има таков народ“ на последното гласање.

Бугарија моментно има привремена влада назначена од Радев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com