30.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Трите нови iPhone модели ќе имаат Lightning порт и A13 чип

Најчитани вести

Apple работи напорно на три нови верзии на iPhone, чии премиери не очекуваат наесен. Уредите ќе бидат напојувани од новиот A13 процесор, кој е развиен под кодното име „Cebu“. Претстојните модели, исто така, ќе продолжат да имаат Lightning конектори. Ова значи дека Apple не планира да се префрли на стандардот USB Type-C, кој беше сместен кај iPad Pro уредите претставени во 2018. година.

Првиот нов модел се нарекува „D42“ (iPhone 12.3) и ќе биде наследник на iPhone Xs. Вториот паметен телефон се нарекува „D43“ (iPhone 12.5) и ќе биде позициониран како наследник на големиот iPhone Xs Max. Третиот уред ќе биде „поевтиниот“ модел „N104“ (IPhone 12.1), што значи дека ќе го наследи iPhone XR. Дисплејот на D42 ќе биде 5.8-инчи со резолуција од 2436×1125 пиксели, додека D43 ќе биде 6.5-инчен паметен телефон со 2688×1242 пиксели.

Основниот модел на серијата ќе понуди 6,1-инчен екран со 1792×828 пиксели, објави PhoneArena. Главната камера на паметните телефони во задниот дел сега ќе биде наредена во квадратна форма. Сензорите ќе се наоѓаат во горниот лев агол на стаклениот панел на задната страна. На iPhone XI и iPhone XI Max ќе им се понудат тројни задни камери со нов широкоаголен објектив со функцијата Smart Frame. Поевтиниот модел ќе има само две камери. Селфи сензорите ќе можат да снимат Slow-Motion видео со 120fps. извор: USB.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com