33.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Тринаесет танчерки и газда на ноќен клуб од тетовско Желино се притворени

Најчитани вести

Тетовската полиција ноќеска од 22.15 часот до 23.45 часот во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во локал во Желини при што се приведени 14 лица поради работа спротивно на прописи во време на епидемија

–Во објектот биле затекнати 19 лица – гости и 13 женски лица кои ги забавувале гостите. Од нив осум биле државјанки на Република Албанија и пет македонски државјанки. Сопственикот З.С.(49) од с.Желино и 13-те женски лица биле лишени од слобода, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат. Претходната вечер слична акција со приведени 12 лица имаше во Тетово.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести