7.8 C
Skopje
Monday, December 6, 2021

Тринаесет лица загинаа во сообраќајна несреќа на Филипини

Најчитани вести

Тринаесет лица, многу од нив деца, се удавија кога спортско-теренско возило со кое се превезувале падна во канал за наводнување на северот на Филипините, соопшти денеска полицијата, пренесува ДПА.

Две лица ја преживеаја несреќата, што се случи вчера, близу Табук сити во провинцијата Калинга, 316 километри северно од Манила, се вели во полицискиот извештај.

Првичната истрага покажа дека возачот изгубил контрола над возилото, кое паднало во каналот за наводнување, според центарот за итни случаи во провинцијата.

„Според спасувачите 15 луѓе биле во автомобилот, а 13 од нив се удавиле, вклучително и деца и возрасни”, се вели во извештајот.

Единаесет од жртвите се прогласени за мртви при пристигнувањето во болница, додека две подоцна им подлегнале на повредите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com