16 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Тримакс е лидер на пазарот во своите дејности

Најчитани вести

Тримакс е лидер на пазарот во своите дејности, основан 2000 година во Скопје, Македонија.
Од тогаш работи во повеќе области.

Нагледни средства и помагала 

Тримакс работи во областа на снабдување на градинките, училиштата и факултетите со нагледни средства, дидактички материјали, опрема за училници и училишта. Станува збор за широка палета на производи како голем број на наставни модели, едукативни постери, географски и историски карти, хемикалии и лабораториско стакло, спортска опрема и помагала, училишни табли (бели, зелени, плутани, магнетни итн), интерактивни (смарт) табли, интерактивни панели  кои ја олеснуваат наставата и ја прават поинтересна и покреативна, како за учениците така и за наставниците и професорите. 
Дистрибуција на сите едукативни помагала и наставни средства до училиштата по предметите: 
Биологија, Физика, Хемија, Математика, Географија, Историја, Физичко, Училишна опрема, Одделенска настава, Англиски јазик, Музичко и Техничко образование.
За снабдување на бараните материјали од нивна нарачка па се до испорака, монтажа и обука, задолжени се тимот на Тримакс со повеќе од 40 вработени.

Сензорни соби – Идеално решение за стимулирање на сите сетила

Успешно и непречено спроведување на наставата е цел на секое училиште и градинка. Ние, од Тримакс, сме тука заедно да ја оствариме таа цел, поради тоа од неодамна почнавме да работи во полето на сензо-моториката и сензорните соби, до сега успешно снабдивме повеќе училишта и институции со опрема и мебел во сензорните соби во овие институции.

Книжарници и онлајн продажба 

Има девет книжарници кои успешно работат и се познати меѓу потошувачите. Седум книжарници во Скопје во четири општини (Аеродром, Кисела Вода, Центар и Карпош), една книжарница во Крива Паланка и една книжарница во Охрид. 
– Книжарниците нудат најразличен асортиман на производи како: училишни материјали, ранци и ташни, хамери и крафт програма, канцелариски материјали и куфери, изданија – детски изданија, лектири и популарна белетристика, гифт програма и честитки. Изданијата и картографската програма може да се најдат во сите книжарници на Тримакс. 
– Покрај изданија книжарниците нудат и услуги како: фотокопирање и печатење на материјали во црно-бело и во боја, праќање мејлови, вкоричување на скрипти и пластифицирање.
– Книжарниците постојано организираат акции и попусти на производи. Има развиено лојална програма преку клуб картички кои можат да се земат бесплатно во која било книжарница. Книжарниците соработуваат и со Лајонес (Cashback word).
– Книжарниците соработуваат со многу компании кои купуваат канцелариски материјали во готово или на фактура. И има развиено лојална програма и за правните лица да пазаруваат на попуст, и вршиме достава на материјали до компанијата.
– Вработените во книжарниците се енергични и проактивни луѓе кои одлично се грижат за книжарниците и нудат брза и квалитетна услуга на потрошувачите.
– Кариера со Тримакс – Книжарниците постојано се во потрага по креативни и проактивни луѓе кои би сакале да работат во книжарниците. 
– Онлајн продажба – Покрај продажбата во книжарниците Тримакс има и развиена онлај продажба преку неколку канали за продажба: веб страната www.knizarnicitrimaks.mk, Facebook профилот https://www.facebook.com/trimaks.mk/, нарачки по мејл и нарачки по телефон. Тримакс располага со голем возен парк и соработува со неколку брзи пошти се со цел навремена и квалитетна достава на порачаните производи.

Картографија и издаваштво

 – Во областа на картографско издаваштво Тримакс е единствен на македонскиот пазар со уверение од катастар….. Во нашето портфолио на издадени картографски материјали може да се најдат различни видови на:
– карти (патни, туристички и општински), ѕидни карти (патни, туристички, општински, географски и историски), туристички водичи, глобуси, атласи и неми карти, разгледници и сувенири.

– Издаваштво – се состои од книги и енциклопедии, сликовници за деца и боенки, лектири, едукативни постери, радосници, честитки и покани за роденден, тетратки за почетно пишување итн. Изданијата се од едукативен и креативен карактер, правени се со консултација и соработка со стручни лица и наставници и се од голема помош на децата и учениците при наставата. 

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести