8.8 C
Skopje
Saturday, March 25, 2023

Триесетгодишен моторциклист загинал во сообраќајка на патот Богданци-Стојаково

Најчитани вести

Струмица. , 1 јули– Триесетгодишен моторциклист загинал во сообраќајка на патот Богданци-Стојаково, велат од СВР Струмица.

– Вчера во 22.50 часот било пријавено дека на раскрсницата со локалниот пат Богданци-село Стојаково, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „баотиан 125“ без регистарски ознаки, управуван од Ѓ.В.(30) од село Стојаково, и товарно моторно возило „мерцедес актрос“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(42) од Валандово. Во незгодата на местото на настанот починал Ѓ.В – велат оттаму.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено во институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.

Најнови вести