17.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

Трибина „30 години развој на Армијата-формирање, настани, успеси, предизвици, иднина”

Најчитани вести

Во организација на Министерството за одбрана, Генералштабот на Армијата и Асоцијацијата на здруженија од сферата на безбедноста, одбраната и меѓународни односи, денеска во Скопје ќе се одржи трибина на тема „30 години развој на Армијата-формирање, настани, успеси, предизвици, иднина”.

Со трибината, како што информираат од МО и од Армијата на Република Македонија, ќе се означи почетокот на активностите за одбележување на триесетгодишниот јубилеј на Армијата.

Организаторите најавуваат дека на трибината, меѓудругите, обраќање ќе имаат претседателот и врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, првиот министер за одбрана, Трајан Гоцевски, првиот началник на Генералштабот, генерал Митре Арсовски.

-Ова ќе претставува можност, преку експертски и политички видувања за достигнувањата на одбраната на Република Македонија од осамостојувањето до заокружувањето на процесот на воено интегрирање и двегодишното членство во НАТО, да се согледаат и посочат понатамошните предизвици и правци на развој. Со трибината се отпочнуваат планираните активности со кои ќе се одбележува јубилејот 30 години од формирањето на Армијата: изложби, концерти, спортски натпревари, хуманитарни акции, прослави во единиците и друго, се вели во соопштението од МО и ГШ на Армијата.

На трибината покрај највисокиот воен врв, поканети се и се очекува да присуствуваат поранешните министри за одбрана и началници на генералштабот на Армијата, активни и пензионирани генерали и претставници на здруженија од доменот на одбраната и дипломатскиот клуб.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com