24.8 C
Skopje
Tuesday, May 24, 2022

Трејд на три франшизи – Денвер донесоа плејмејкер од Сан Антонио

Најчитани вести

Денвер Нагетс, Бостон Селтикс и Сан Антонио Спарс, изминатата ноќ си разменија играчи. Овие три франшизи на овој начин ја најавија засилената активност на повеќето франшизи до крајот на преодниот рок, кој во НБА лигата трае до 10.февруари.

Денвер Нагетс ги испратија во Бостон Бол Бол и Пи Џеј Дозир, а од нив Сан Антонио доби пик во втората рунда на драфтот што ќе се одржи во 2028 година.

Нагетс во овој трејд го добија Брин Форбс од Сан Антонио, а Бостон во Тексас го испратија Хуначо Ернангомез.

Најзвучно име во овој трејд е Форбс. Минатата сезона со Милвоки Бакс ја освои шампионската титула. Играше на 70 натпревари во регуларниот дел од сезоната и на 20 во плеј-офот. Минатата сезона имаше 45 отсто шут за три поени. Сезонава во просек постигнува по девет поени.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com