Home » Трет случај во земјава: 42-годишен велешанец заболен со конго-кримска хеморагична треска

Трет случај во земјава: 42-годишен велешанец заболен со конго-кримска хеморагична треска

by Журнал.мк

Во државава е регистриран нов случај на заразено лице со конго-кримската хеморагична треска, соопштија од Институтот за јавно здравје. Станува збор за 42-годишен маж од Велес. Имал симптоми. Лицето е хоспитализрано на Клиниката за инфективни болести. Се очекува потврда дали вирусот лицето го добило од каснување од крлеж или од директен контакт со веќе заразена личност.

Ова е трет регистриран случај, откако минатиот месец беше откриен кај 27-годишната штипјанка, која почина кратко по дијагностицирањето на вирусот.

На болничко лекување е болничарка од инфективната клиника која прима антивирусна терапија и според последните податоци е во стабилна здравствена состојба. Во изолација се11 лица кои имале контакт со заразената болничарка, од нив 10 се од потесното семејство.

Конго-кримската хеморагична треска се пренесува преку убод од заразен крлеж, а може да се пренесе и преку директен контакт со контаминирана крв. Болеста е смртоносна во 40 проценти од случаите и има брза прогресија.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More