10.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Трет меѓународен фестивал на кратoк филм „Филмај 2021” во Куманово

Најчитани вести

Третиот меѓународен фестивал на кратoк филм „Филмај 2021” ќе се одржи в петок (10 септември) во Центарот за култура „Трајко Прокопиев” во Куманово.

На фестивалот ќе бидат прикажани 10 кратки филмови во вкупно времетраење од 2 часа и 40 минути. Филмовите се наградени за режија, кинематографија, сценарио, а од годинава официјално се доделува и награда за најдобар македонски филм официјално селектирани од трочленото жири: Лидија Мојсовска (режисер/ сценарист), Наум Доксевски (кинематограф) и Дејан Ангеловски (фотограф).

Фестивалот е планиран да почне во 19 часот, а влезот за посетителите ќе биде слободен.

Бесплатни билети ќе може да се подигнат пред влезот на Центарот за култура на ден на фестивалот од 18:00 часот. Публиката во салата ќе може да влегува од 18:30 часот.

Согласно важечките здравствени протоколи, на настанот ќе може да присуствуваат лица кои ќе покажат важечки вакцинален сертификат.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com