Третолигашот Борец го официјализира останувањето на Александар Пановски на тренерската клупа и го потврди датумот на старт на подготовките за новата натпреварувачка сезона.
Пановски и неговиот помошник Панче Нанев прозивката на фудбалерите ја закажаа за трети август, а наскоро се очекува клубот да информира каде ќе се одработи главната фаза од летните подготовки.
Борец имаше сезона за заборав во Втората фудбалска лига на Македонија, освојувајќи го последното место на табелата и од оваа сезона ќе се натпреварува во Третата фудбалска лига – Југ. Од клубот најавија драстични промени во својот ростер за следната сезона и веќе со засилено темпо работи на нови засилувања во своите редови, за експресно враќање во Втората фудбалска лига.
Дека во клубот почнаа да дуваат позитивни ветришта доказ е реновирањето на соблекувалните и санитарните јазли, со што ќе се подобрат условите за фудбалерите.