14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Третман на акни

Најчитани вести

Акните се чести заболувања на кожата. Можат да се појават кај двата пола на секоја возраст: кај бебиња, адолесценти, тинејџери, постари луѓе. Се работи за хронична воспалителна болест на пилосебацеалната структура на кожата (целина составена од влакнен фоликул и од лојна жлезда).

Акните го нарушуваат естетскиот изглед и на многумина им наметнуваат психичко оптоварување, затворање во себе, асоцијално однесување, и депресивност.

Конвенционалниот пристап во лекувањето на акните вклучува користење на ретиноиди (локално и преку уста), системски и локални антибиотици. Лекувањето трае во просек од 3-6 месеци, со можност од појава на бројни нусефекти од системската терапија, како и резистентност на локалната антибиотска и антисептична терапија.

Посетата и третманот кај дерматолог е важна исто колку и соодветната дневна и ноќна нега со козметика наменета за акнеста кожа како и употребата на додатоци во исхрана.

Биотин, цинк, бакар селен, ниацин и пантотенска киселина се микронутритиенти потребни за себорегулација, епителизација и ревитализација на кожата. Затоа се често и составен дел на козметиката наменета за акнеста кожа како и во голем број додатоци во исхрана.

Препорака на Аптека ДНА АННИ ФАРМ во насока на целосна дневна и ноќна нега на акнеста кожа е линијата HYSEAC од францускиот бренд URIAGE

URIAGE HYSEAC прочистувачка маска 50ml – Аптека ДНА Анни Фарм (annifarm.com.mk)

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com