Home » Тренчевска: Нема ништо неуставно во измените на Законот за работни односи

Тренчевска: Нема ништо неуставно во измените на Законот за работни односи

by Журнал.мк

Прекувремената работа дури и со согласност нема да биде толку голема затоа што градежништвото зависи од временските услови, а ограничувањата за работа на високи и ниски температури важат за сите, па и за градежните работници и токму затоа не се дефинира горна граница на работни часови, смета министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Затоа, како што вели таа, нема ништо неуставно.

Тренечвска во емисијата „24 анализа“ на „ТВ 24“ се осврна и на собраниската расправа за Законот за работни односи, па посочи оти останува на тоа дека законот е во рамките на Уставот.

Министерката се надева дека времето ќе покаже оти стравовите за безбедноста на работниците, бргу ќе исчезнат, затоа што „Бехтел и Енка“, како што посочи, е, сериозна компанија.

Таа информираше дека во тек се огласите за работа и оти сите кандидати ќе минат низ систематски здравствен преглед.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk