Home » Тренчевска во посета на дебарската градинка „Брешија“

Тренчевска во посета на дебарската градинка „Брешија“

by Журнал.мк

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, денеска беше во посета на градинката „Брешија“ во Дебар, каде вети дека ќе се помогне во доградбата на анекс објектот на градинката и најави дека вработените во детската заштита ќе имаат зголемена мартовска плата.

-Децата се нашето богатство, нешто во кое треба да вложуваме но и да се огледаме. Затоа што денешните деца растат без стереотипи, во едно општество за сите. Нашите деца се подготвени за игра без бариери и без предрасуди. Да продожиме да вложуваме во растот и развојот на прогресивни деца, деца на иднината. Сакам да најавам дека како министерство и како влада ќе помогнеме во доградбата на веќе започнатот анекс објкет, со што ќе се создадат услови за опфат на поголем број деца. Со мартовската плата во детската заштита вработенте ќе добјат повиоски плати за 2.075 денари, рече меѓу другото Тренческа.

Посочи дека како министри треба што почесто да имаат средби на кои ќе ги чујат проблемите со цел „создавање подобар квалитет на живот за сите граѓани“.

Директорката Ајрије Дачи, искажа голема благодарост за поддршката што ја дала министерката за обезбедување на потребниот персонал, со што се создале услови за нови вработувања а со самото тоа и за опфат на поголем број деца.

-Голема благодарност до минисерката Тренчевска за нејзината поддршка што ја дава за нашата установа, со цел создавање што подобри услови за работа и престој на децата. Ова е прва посета на ресорен министер по 13 години, за што искрено сме и многу благодарни. Со создадените услови овозможено е од шест сега да функционираат 18 групи, од 69 деца сега тука престојуваат 366 дечиња а бројот на вработените од 22 зголемен е на 74, рече меѓу другото директорката Дачи.

Од име на локалната власт поздравен збор имаше Фуат Спахиу, претседател на Советот на општината.

-Мило ми е што денеска сте тука, за да лично се уверите во процесот и условите во нашата градинка, која е една од најуспешните во државава и секако да дадете поддршка и заедно да создаваме што подобри услови за нашите деца. Како општина отворени сме за соработка со Министерството за труд социјална политика во интерес на најмладите но и на сите граѓани, нагласи Спахиу, кој ја поздрави гостинката и од име на градоначакникот Хекуран Дука, кој е во посета надвор од земјава.

Министерката и непосредно се запозна со условите во градинката, ги посети и дечињата во просторите каде престојуваат а проследи и културно-уметничка програма подготвена од дечињата и нивните воспитувачки.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk