29.8 C
Skopje
Thursday, July 7, 2022

Трент Александер-Арнолд се повреди, но Саутгејт има десни бекови за „извоз“

Најчитани вести

Беше неизвесно дали бекот на Ливерпул ќе биде во составот на Саутгејт, но Александер-Арнолд се најде меѓу 26. фудбалери кои ќе патуваат на големиот турнир.

Потоа следуваа критики кон Саутгејт зошто има повикано дури четири десни бека, покрај Александер-Арнолд во составот се Кајл Вокер, Киран Трипие и Рис Џејмс.

Никој селектор не посакува повреда на свој фудбалер пред настап на Европско или Светско првенство, но ако можеше да бира на која позиција може да му се повреди играч, Саутгејт сигурно ќе ја одбереше десната бековска позиција каде има најмногу опции.

„Треба да видиме како ќе биде, јасно е дека не е добар знак кога ќе го видите начинот на кој го напушти теренот. Блиску сме до почетокот на ЕП и секја повреда носи сомнеж дали фудбалерот ќе може да игра. Но во наредните 48 часа ќе ја знаеме точно неговата состојба“, вели селекторот на Англија, Герет Саутгејт.

Англија првиот натпревар на ЕП го игра на 13. јуни против Хрватска, тие ќе се сретнат од 15 часот, тоа е меч пред дуелот меѓу Македонија и Австрија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com