Home » Тренерот на Левски: Сакавме поубедливо да славиме, но резултатот е најважен

Тренерот на Левски: Сакавме поубедливо да славиме, но резултатот е најважен

by Lina Muslija

Тренерот на Левски Софија, Николај Костов, изјави дека е задоволен од победата над Шкупи и пласманот на неговиот тим во следната рунда од Конференциската лига на УЕФА.

Бугарскиот стратег рече дека сакал да победат поубедливо, но во целост е задоволен од прикажаното на двомечот со македонскиот претставник.

„Ми се допадна многу атмосферата на мечот. Ја поздравувам публиката која беше прекрасна и ни даваше голема поддршка. Голот што го постигнавме беше награда за сите на трибините и многу сум задоволен што патуваме во следната фаза.

Во нападот бевме малку стерилни, но тежиштето на играта „падна“ врз средниот ред и дефанзивата. Бевме стабилни и не дозволивме поголемо изненадување пред нашиот гол. Во второто полувреме противникот имаше малку повеќе од играта, но има и вакви мечеви во кои реултатот е најважен. Честитки за сите фудбалери и навивачи на Левски“, изјави Костов.

Бугарскиот тим го мина Шкупи со вкупни 3-0 и го завери пласманот во третото квалификациско коло од Конференциската лига. Следен противник на Левски Софија ќе биде израелскиот претставник, Хапоел Беер Шева.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More