17.8 C
Skopje
Sunday, June 13, 2021

Трајковски: Се додека имаме шанса ќе се бориме до крај

Најчитани вести

Македонската репрезентација ги продолжува подготовките за двата последните натпревари од циклусот на квалификации за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Наши ривали се Австрија со која ќе се соочиме со Виена и Израел кого ќе го пречекаме во Скопје на арената „Тодор Проески“, два меча на кои со позитивен резултат ќе се обидеме да дојдеме до што подобар пласман во групата. Ние имаме одредени проблеми во составот, некои играчи се недостапни, односно се повредени, суспенцирани, меѓутоа оние што ќе можат да настапат ветуваат дека ќе дадат се од себе за да бидеме конкурентни и освоиме бодови на споменатите дуели.

– Се додека имаме шанса ќе се бориме до крај. Ова е добра можност да покажеме дека поразот на домашен терен не ја покажува реалната слика меѓу двете репрезентации. Мислам дека сме добро подготвени и одиме да го дадеме нашиот максимум на теренот во Виена. Најважно е сега да се обидеме да ги добиеме овие два натпревари, да се покажеме во најдобро светло, а потоа ќе размислуваме на мартовскиот предизвик од Лига на нации. Во изминатиот период игравме и со послаби и со поквалитетни репрезентации и сметам дека покажавме дека можеме да се носиме со било која селекција, -порача напаѓачот на Мајорка, Александар Трајковски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести