10.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Трајанов: Со Заев сме дискутирале, но Ковачевски ниту еднаш не нè прашал што мислиме за Бугарија

Најчитани вести

Пратеникот и лидер на Демократски сојуз, Павле Трајанов во вчерашното гостување во Тема на денот на Сител рече дека коалицијата не била консултирана за ниту едно прашање поврзано со Бугарија откако Димитар Ковачевски е премиер.

–Не сме имале таква можност. Со Заев отворено сме разговарале неколку пати, но тоа помина. Сега сме влада со нова програма и нови определби, но за бугарското прашање со Заев сме имале различни ставови. Ставот на ДС е јасен, ние сме Македонци со свој јазик. Бараме реципроцитет во врска со прашањето за малцинствата во двете земји. Немаме проблем Бугарите да влезат во македонскиот Устав, но истото да се случи и со македонското малцинство во Бугарија. Голем број пратеници нема да поддржат решение кое нема да вклучува реципроцитет. Наша цел е Македонците да бидат признати во Бугарија. Ние како држава сме демократска, секој може да формира своја партија, се негура обичаи на одредено малцинство, зошто да биде тоа проблем и во Бугарија? Никој не сака да се доведат во прашање нашите национални интереси, рече Трајанов во Дневникот на ТВ Сител.

Според него, изјавите од Бугарија од претходната влада на Бојко Борисов се повторуваат со посетата на тамошниот државен врв во Битола.

Треба да се однесуваме подржавнички. Мораше да се разговара и реагира дека Ванчо Михајлов дека е фашист, дека го негира постоењето на Македонија. Требаше да му кажеме отворено на Петков. Не може секој што сака да прави во земјава. Немаше реакција од МНР, не упати нота, потенцира Трајанов.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com