11.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Трајанов за КУРИР: Европско знаменце за законот за една изборна единица е една од можностите

Најчитани вести

Предлог законот за една изборна единица влезе во собраниска процедура. Предлагач на законот е пратеникот Павле Трајанов од ДС.

Имено тој вчера во изјава за медиумите рече дека доколку овој закон биде блокиран не се исклучува можноста да бидат побарани и предвремени парламентарни избори.

Редакцијата на КУРИР денес го контактираше пратеникот Трајанов со цел да дознаеме дали во текот на вчерашниот ден се разговарало и со премиерот Ковачевски околу овој закон.

Прашање: Дали во текот на вчерашниот ден разговаравте со премиерот Димитар Ковачевски доколку овој закон биде блокиран со амандмани, истиот да биде донесе со ЕУ знаменце, односно по скратена постапка?

-Сега законот е во редовна постапка и сите наши настојувања се да се обезбеди поширок политички консензус од сите партии во парламентот и тој процес е почнат, немаме потреба да прејудицираме што би било ако некој го блокира. Отворена можност е тоа, ако го блокира било која партија, тогаш ќе ја разгледаме можноста ако успееме да го предложиме во скратена постапка и да оди со европско знаме, како што многу други закони така ги поминаа, а со тоа се избегнува блокада. Засега сме да оди во редовна постапка, наскоро ќе има пленарна седница на која ќе се разговара. Досега не слушнав никаков аргумент зошто да не се сложат Македонија да биде една изборна единица. Немаат никакви аргументи, рече во изјава за КУРИР, Павле Трајанов.

Прашање: Беа направени одредени анализи дека албанските партии би добиле по еден до два пратеници помалку, а некои повеќе?

-Оваа анализа која се прави врз последните изборни резултати е необјективна бидејќи можеби повеќе од 200.000 од македонските гласачи не излегоа поради пандемијата. Не можете да анализирате колку пратеници би имале ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ од сега, истакна Трајанов.

Трајанов го прашавме и дали се размислувало за излез од владата, доколку овој закон на ниту еден начин не помине во собранието.

Прашање: Вие, ЛДП и ДОМ имате четири пратеници заедно, а доколку излезете би паднала Владата?

-Сега не разговараме за таа тема, околу паѓање на влади. Би било неодговорно сега да разговараме во услови на војна каде светот е под огромен стресот, а и на Балканот состојбите не се добри. И ВМРО-ДПМНЕ се откажа од протести заради ситуацијата. Сите партии досега на Комисија гласаа „ЗА“, освен еден пратеник од ДУИ беше против. Сега ќе оди на пленарна седница, таму треба да се донесе заклучок да има јавна дискусија. Ќе се сумираат дискусиите и ќе се оди дали преку амандмани, ќе се отвори прашањето за прагот каде имаме некоја согласност за два проценти. После тоа веќе можно е во втората фаза да се блокира. Ако дојде до тоа ќе ги разгледаме сите опции. Една од нив е и барање за предвремени избори, да видиме. Ако се исцрпат сите деловнички можности, ќе се обидеме по скратена постапка со европско знаме да го донесеме законот. И тоа не е лесно. Оваа борба е тешка, но ќе бидеме упорни и ќе видиме како ќе заврши. Првата пречка е помината, по една години почна расправата и тоа е некаков успех. Медиумите дадоа поддршка, ВМРО-ДПМНЕ го поддржува. И граѓаните се за една изборна единица. Консензусот нема да се обезбеди, секогаш некој ќе биде против. Ќе се обидеме СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да бидат вклучени во тој процес и да ги убедат ДУИ и Алијанса дека нема дискриминација во тој процес по ниту еден основ. Законот е за демократизација на државата, граѓаните да имаат можност да избираат. ДУИ нема потреба да се плаши, разликата е тоа што во шеста изборна единица пратеник се станува со 6.300 гласа. 20 пратеници ако имаат по 3.000 гласа помалку тоа се 60.000 гласа помалку, а имаат 20 пратеници. Тие од тука го црпат големиот број на пратеници и сега пратениците немаат иста тежина. Тоа е проблемот и тоа сакаме да се надмине. Помалите партии самостојно треба да настапуваат наместо да се врзуваат со поголемите. Тие партии што ќе добијат поддршка ќе опстојат, потенцираше Трајанов.

Ја контактиравме и претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, кој е и пратеник во владејачката коалиција. За разлика од нејзиниот колега од Собранието Трајанов, Морачанин вели дека не се разговарало за овој закон по скратена постапка.

-Немало таков разговор, ниту пак сега да бидеме реални, секоја држава во ЕУ си има свој изборен модел. Нема усогласеност на ниво на евроспка унија за некој изборен модел, така што тоа не било никогаш предмет на разговори, инаку знаете се отвори дебата по предлог законот за една изборна единица во собрание, имаше дискусија, она што го слушнавме на комисија за политички систем беше дека сите партии се согласуваат дискусијата да продолжи, рече Морачанин.

Таа го спомна и предлогот на Алијанса на Албанците за осум изборни едицини.

-Алијанса на пример се за осум изборни единици, тие си го кажаа на пример својот став, но никој не најави блокирање на законот туку сите рекоа дека се согласуваат да продолжо понатамошната дискусија по предлог законот и за таа цел ќе се организира во собранието треба да оди на пленарна седница бидејќи ова беше на комисија. Собранието да изгласа оддржување на јавна дискусија, тоа е една постапка која ќе овозможи широка јавна дебата во собранието во која ќе бидат вклучени и експерти и невладини организации, политички партии, сите заинтересирани страни, така што тоа е следниот чекор да кажам во постапката за носење на законот, истакна Морачанин.

На прашањето доколку ДУИ кој се противи на овој закон, како сега, така и во минатот и истиот биде блокиран со 3.000 амандмани, Морачанин вели дека таа мисли дека тоа нема да се случи.

Прашање: Во Македонија се носеа закони со европско знаменце како што е законот за дрога, за легализација на марихуаната, а не е за европско знаменце, зошто не би се донел законот за една изборна едицица по истата таа постапка?

-Затоа што мислам дека не е процедурата таа. Треба да се почитуваат сите постапки. Нема директива од ЕУ за тоа дали ќе биде пропорционален, мнозински. Немаше никаква најава од ниту една политичка партија за блокирање на законот со амандмани, а јас очекувам во текот на јавната дискусија, може да има промена на ставовите. Пред три години на овој предлог и ВМРО заедно со ДУИ поднесоа 3000 амандмани и го блокираа законот, не се отвори дебата, сега во меѓувреме ВМРО-ДПМНЕ го сменија ставот, прифатија, така што за нив е прифатливо една изборна единица, очекувам и другите политички партии да ги земат во предвид сите аргументи во дебатата, одговори Морачанин.

Морачанин беше прашана и дали доколку овој закон не помине во собранието размислувале за излез од владината коалиција?

-Ајде да му дадеме шанса на законот. Ова е прв пат, колку години се зборува во јавноста, еве ние сме поднесувале предлог закони.

Прашање: Претпоставувам како партија сте разговарале на оваа тема?

-Се разбира дека сите дискусии за оваа тема се отвораат, но сакам навистина да не се влегува во овој закон со шпекулации и политички нагаѓањаа, додаде Морачанин.

Ја контактиравме и пратеничката на ЛДП, Моника Зајкова која ни кажа дека е на пат за Босна, а претседателот на ЛДП, Горан Милевски не одговори на нашите телефонски повици.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com