23.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

Трајанов: Викаа се трошат огромни пари за пандемијата, на крај испаднаа само 7,5 милиони

Најчитани вести

За коалициониот партнер на СДСМ, Павле Трајанов од Демократски сојуз е несфатливо како се потрошени само 7 и пол милиони евра за справување со пандемијата, иако владата се фалела дека сите потреби во здравството се покривани.

Трајанов за „Што не е јасно“ на Алфа изјави дека објаснувањето на власта зошто Македонија не доби средства од солидарниот фонд на ЕУ, е само дневно политичко објаснување колку да помине во јавноста.

– Имаше најава дека сите потреби во здравството се покривани, дека огромни средства се издвојуваат, дека се пренасочуваат буџетски средства, како и дека се во функција на заштита на здравјето на луѓето. Тоа значи дека амбулантите, клиниките се опремуваат, дека се подготвуваат за полоша состојба и тоа подразбираше во јавноста дека се трошат огромни ресурси. Сега излезе дека 7 ипол милиона само биле потрошени за 4 месеци и за мене тоа е несфатливо, а објаснувањето е неприфатливо, рече Трајанов.

Според него, ова треба да се расчисти бидејќи овие донации од Европската унија се клучни за Македонија, додавајќи дека во наредните неколку дена Македонија ќе се задолжи за нови 700 милиони евра еврообврзница и 300 милиони евра домашно задолжување.

-Европската унија според некои параметри не’ прескокнала, не ни донираше средства така да мислам дека тоа треба да се расчисти бидејќи може и во иднина на истиот начин да бидеме прескокнати со донации кои што се битни и клучни затоа што Македонија само деновиве веќе ќе се задолжи околу 1 милијарда евра, 700 милиони евра обврзница, уште околу 300 милиони евра домашно задолжување, истакна тој.

Трајанов вели дека не е сигурен дека сето она што се презентира во јавноста е реално, односно како што рече тој нема увид и транспарентност во тоа колку буџетски пари се потрошиле.

-Од почетокот состојбата беше крајно хаотична, немаше обезбедено доволно заштитни средства, реагенси и се она што беше неопходно за превентивно дејствување. Во услови кога имавме само неколку инфицирани од коронавирусот се преземаа некакви мерки и јас повеќе мислам дека сето тоа што беше во почетокот повеќе беше медиумски презентирано дека се преземат не знам некакви активности, полициски час, карантин, изјави Трајанов.

Според него сето тоа во услови на исклучително мал број на инфицирани, претпоставка дека се трошеле ресурси, сега излегува дека се она што се набавувало дека било странска помош.

– Но, не сум сигурен во тоа што е презентирано дека е состојба на реални состојби во државата. Нема увид колку точно се потрошило. Тоа е проблемот. Нема точна евиденција, транспарентност каде се трошени парите, вели Трајанов.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести