Home » Трајанов бара измени на Законот за попис, со кои ќе се изостави нерезидентното население

Трајанов бара измени на Законот за попис, со кои ќе се изостави нерезидентното население

by Журнал.мк

Пратеникот и претседател на Демократски сојуз Павле Трајанов денеска до Собранието достави Информација за пописот на населението, домаќинствата и становите во Северна Македонија, спроведен од 5 до 30 септември 2021 година.

-Од Парламентот барам да отвори расправа за пописот, да ги согледаат сите релеватни факти и податоци содржани во Информацијата. Очекувам сите да партиципираат со свои видувања, информации и податоци кои ќе бидат битни да може Парламентот квалификувано да расправа и да донесе соодветни заклучоци, изјави Трајанов во Собранието.

Тој побара да се донесат измени и дополнување на Законот за попис, со кои од пописот ќе се изостави нерезидентното население.

Според него, ако се анализира пописот во целина, податоците што биле презентирани не се реален одраз на фактичката состојба во земјава.Трајанов предлага Парламентот да отвори расправа и врз основа на тоа да се донесат заклучоци.

– Од Законот за попис да се отстрани нерезидентното население, да се направи дополнителен обид оние 132 илјади граѓани кои се попишани преку користење на евиденциите, да се обиде од нив да се извлечат карактеристики кои, како што рече, во голема мера ги менуваат состојбите кои се презентирани од пописот.

Сугерираме Владата, рече Трајанов, да формира експертски тим составен од 9 члена, кој треба да ги провери сите елементи на пописот, како се одвивал, како се класифицирани податоците.

– Има информации што ги добиваме од ДЗС за тоа дека имало огромен проблем како да се утврди дали некој е резидент или не е, истакна Трајанов и потенцира дека нема систем на проверка.Одговарајќи на новинарско прашање за тоа до каде е процедурата за организирање јавна расправа за измените на Изборниот законик, Трајанов рече дека на маргините на вчерашната расправа на Парламентот разговарал со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Тој, како што рече, најавил дека наскоро ќе биде ставен на пленарна седница. Трајанов очекува за неколку дена да почне расправата на пленарна седница.

Потсети дека со измените на Изборниот законик се предвидува земјава да биде една изборна еденица и додаде дека помина на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија.

-Следен чекор е расправа на пленарна седница, а потоа јавна дискусија, амандманска расправа и конечно произнесување на пратениците за предлог законот, рече Трајанов и додаде дека голем број политички партии го поддружуваат законот, а oние кои имаат поинаков став очекува на крај да го поддржат.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More