27.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Трајанов: Апсурд е во личната карта да стои етничката припадност

Најчитани вести

Претседателот на Демократскиот сојуз и актуелен пратеник, Павле Трајанов, смета дека е апсурд е во лична карта на граѓаните да стои етничка припадност.

Предложените измени со кои се предвидува покрај другите податоци, име и презиме, датум и место на раѓање, единствен матичен број, државјанство и сл., да биде впишана и етничката припадност, се против граѓанскиот концепт на државата, вели Трајанов и предупредува дека тоа може да можат да предизвика дискриминација на граѓаните и да ги повредат нивните индивидуални и колективни права.

„Во иднина некој може да побара во личната карта да се впише и религиската определба, како и други карактеристики и обележја за секој поединец или колективитет, чие изложување може сериозно да ги наруши приватните и колективните права на граѓаните. Во предлог законот нема компаративни податоци и анализи, нема образложение зошто се предлага ваква измена“, вели Трајанов.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести