Жителите на Драч имаа непроспиена ноќ по страшниот земјотрес од 6,3 по Рихтер кој се почуствува во целиот регион. Човечки жртви, разрушени згради, страв и паника кај локалното население.
Досега се знае дека најмалку шест лица починале. Еден човек починал откако скокнал од прозорецот во паника, потврди портпаролката на Министерството за одбрана. Повредени се околу 150 луѓе.
Погледнете како изгледа Драч по серијата потреси.